
Презентирани резултатите од државното тестирање на основците од страна на државниот испитен центар во Штип. Според тестирањето во 2024 година, имало тестирани околу 2.600 ученици за да се утврди каде денес треба да се подобри наставата. Директорката на државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, вели целта е наставниците и училиштата знаат каде да вложат труд и како да ја подобрат наставата.
,,Денес во Штип на УГД, заедно со тимот на државниот испитен центар дојдовме регионално да ги споделиме сознанијата до кој што дојде ДИЦ во соработка со министерството за образование. Од државното тестирање на учениците во петто одделение кое е правено во 2024 година, во 2025 година во декември ние имавме извештај од државното тестирање и сега сакаме оние сознанија до кој што ние дојдовме да ги споделиме со настанвиците со наставниците , кои што се дирекни учесниите во процесот на образованието на нашите деца. Значи државното тестирање се однесуваше на учениците од петто одделние, тестирани се училишта, примероци се земени од учичлиштата, значи дека околу 2600 ученици се тестирани, кои што се релевантен примерок за да видиме, каде треба да се подобриме и што треба да правиме во иднина. Државното тестирање е циклично, значи тоа се прави на одреден период, со тоа што државно тестирање имаме во трето, петто и во деветто одделние, сега ние имаме резултати од петто, пред секое тестирање имаме предтестирање, кога ги тестираме задачите за да видиме дали се движеме во вистинската насока.“, вели Јовчевска Михајловска
Од ова тестирање учениците нема да добијат повратна информација, потенцираше Јовчевска Михајловска и истата нема да влијае на нивниот успех, додаде таа. Рече дека тестирањето е со цел да се види во која насока се движи образованието во државата.
,,Од ова тестирање учениците не добиваат повртна информација и истата на учениците не им влијае на успехот. Значи се тестира за да видиме каде да се движиме. Тоа влија на работата на наставникот.“, додава Јовчевска Михајловска
Како што посочи Јовчевска Михајловска, во моментот има резултати само за петто одделние, кои што ќе бидат споделени со училиштата, кои потоа пак ќе бидат споделени и до учителите и родителите, поради тоа што како што додаде клучен фактор се родителите, затоа што работата помегу триаголникот ученик наставник родител мора да биде беспрекорна.
Иван Митев, М-Нет