Директорот на штипската библиотека, Тамер Јамаковски си поднесе оставка од лични причини

Од лични причини директорот на штипската библиотека, Тамер Јамаковски си понесе оставка. Како што потврдува за М-Нет телевизија, оставката била поднесена во текот на вчерашниот ден.

Јамаковски во директорската фотлја во Универзитетската библиотека Гоце Делчев Штип седна на 24 ноември минатата година.

Во библиотеката за три години се променија четири директори. На почетокот на 2022 година функцијата директор ја извршуваше Тодор Џидров. Од септември 2022 година на истото место беше Билјана Миладиновска, а во мај 2023 година за в.д. директорка беше назначена Ивана Стојанова.

Јамковски пред да седне во директорската фотелја во штипската библиотека, директоруваше со штипската гимназија Славчо Стојменски.

Лаура Стојанова М-Нет