
Приредба, рецитал и засадување на дрвца, дечињата од детската градинка Астибо, клон Сончогледи денеска беа дел од уредувањето на нивниот двор. Се засадија околу 180 садници, донација од општествено одговорна фирма. На овој начин децата се учат од најмали нозе да се грижат за екологијата и животната средина. Дрвца се засадија и во дворот на Основното училиште „Славејко Арсов“ во населбата Баби.
„Со донацијата која е одбрена денеска практично ќе се засадат стотици садници во дворовите на Основното училиште „Славејко Арсов“ и детската градинка заедно со најмалите од предучилишна возраст и училишна возраст, што само по себе говори за суштината и целта на оваа донација. Да се едуцираат најмладите и да се креираат здрави навики“ – вели Јорданов.
Освен засадените нови 180 садници во дворот на детската градинка Сончогледи се постави и нова клупа за најмалите. На овој начин градинката го заджува својот белег односно златното еко знаме.
„Ние сме детска градинка со златно еко знаме, така да овие 180 садници ќе ја разубават нашата градинка и ќе бидат тука за сите идни генерации кои ќе можат да уживаат.
Ова е трета сезона како се спроведува акција Пошумуваме заедно за позелено утре. Истата е наменета за детските градинки и оснвовните училишта на територија а државата.
„Драго ни е што ова е трета сезона на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ преку кој на територија на нашата земја ќе бидат посадени повеќе од 100 илјади садници. Почнавме проекти кои се наменети за дечињата од детските градинки и основни училишта во Македонија“ – вели Дуранска.
Со помош на вакви акции за пошумување, уредување на дворовите на градинките и училиштата, децата од најмали нозе се учат да ја чуваат и заштитуваат својата животна средина и местото на живеење.
Лаура Стојанова М-Нет