Динамо Киев убедлив против Силекс на тестот во Турција

Фото: Динамо Киев

Екипата на Динамо Киев беше убедлива против Силекс со:0 на контролниот натпревар кој се одигра во Турција, каде кратовскиот прволигаш ја одработува главната фаза од подготовките пред стартот на пролетниот дел од полусезоната.

Украинскиот тим покажа сила, моќ и квалитет и лесно стигна до триумф, откако во првиот дел имаа водство од 3:0. Хет-трик постигна Александар Караваев, а стрелец на еден гол беше Царенко.

Претходно на турско тло Силекс загуби од Ресовија со 1:2, а ремизираше со Сутјеска (2:2) и Согдијана (1:1).

Пролетната полусезона во Првата македонска фудбаслка лига стартува викендов, а во првото пролетно коло Силекс е слободен.