Димче Јовов и Аљбин Рамадани на врвот на листата на стрелци по две кола во Втората лига

ФОТО: Телевизија М Нет

По два одиграни натпревари во Втората македонска фудбалска лига Димче Јовов од Беласица и Аљбин Рамадани од Арсими се на врвот на листата на стрелци со по три постигнати погодоци.

На стартот од новата сезона по два погодоци имат десет фудбалери, Леонтин Бајрами од Арсими, Илија Баланов од Вардарски, Крсте Велкоски од Македонија ЃП, Иван Глигоров од Брегалница, Дарко Гроздановски од Кожуф, Тони Мичковски од Каменица Саса, Петар Најдов од Вардар неготино, Никола Талески од Победа, Иве Трифуновски од Новаци и Симеон Христов од Македонија ЃП.

На стартот од новата сезона 30 фудбалери се запишале во листата на стрелци со по еден постигнат гол. Во новата сезона по две одиграни кола повратникот Борец нема постигнато погодок, но има примено шест погодоци и се наоѓа на дното од табелата.

По два натпревари во Втората лига падна и првиот автогол, Павле Петров од Борец си постигна автогол и засега тој е единствениот на листата на фудбалери кои си постигнале автоголови.

Александар Ванев, М-Нет