Димитриевски: Очекувам позитивен резултат и трите бодови да дојдат во Штип!

Брегалница утре го игра дербито на колото против Македонија ЃП во рамки на 11-тата рунда од Втората лига на гостински терен, односно во Ѓорче. Супер дерби на двата лански прволигаши, кои во новата сезона сакаат враќање во Првата лига, а дерби кое ќе може да го следите во живо на М Нет телевизија.

Фудбалерот на Брегалница, Димитриј Димитриевски очекува позитивен резултат и освојување на трите бодови.

„Нé очекува дерби меч, ние се фокусираме и се подготвуваме за тоа дерби иако имаме згуснат распоред на натпревари. Во сабота одиме на позитивен резултат и трите бода да ги донесеме во Штип и да го задржиме првото место. Мислам дека и на двете екипи се јасни амбициите и двете екипи сме фаворити за кам бек во ПМФЛ, сепак тоа треба да го докажеме на секој натпревар до крајот од првенството“, рече Димитриевски.

Натпреварот започнува во 13 часот, а со тоа и преносот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет