
Со два натпревари денес ќе биде отворено четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига. Денес Скопје игра против Тиквеш каде Фуркан Идризи дели правда, а пак во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Башкими главен арбитар ќе биде Доне Ристовски во меч под рефлектори.
Утре, Шкендија Арачиново ќе го пречека Арсими во дуел каде за правдата ќе биде задолжен штипјанецот Димитар Пилешков, а негови асистенти ќе бидат Даниел Василевски и Бранко Путилин, додека пак четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими.
Колото се затвара во понеделник со мечевите меѓу Вардар и Силекс каде Игор Стојчевски ќе биде главен арбитар со асистентите Владими Митревски и Александар Ѓурковски, а пак четврти судија е Благојче Ралевски.
Во вечерен термин од 19 часот ќе се игра дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, главен судија е Стојанче Трпчевски, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак Александар Василевски ќе ја има улогата на четври судија.
Александар Ванев, М-Нет