Дејан Митров освои прво место на традиционалниот пеливански турнир во Тополница

Традиционално во радовишкото село Тополница се одржа пеливанскиот турнир, а на кој прво место освои штипјанецот Дејан Митров.

На истиот учество земаа борачи од 12 клубови од Македонија, а Митров го освои првото место.

Овој пеливански турнир во Тополница има голема традиција, претставува еден од поголемите вакви настани за ваков спорт во Македонија, а кој воедно и служи за промоција на овој спорт, а овој спорт е близок спорт до борењето слободен стил.

Интересот за овој спорт е се поголем особено во западниот дел на Македонија, но расте интересот за овој спорт и на источниот дел од нашата држава за што вели и Митров во изјава за телевизија М Нет.

Пеливанскиот клуб Дејан Митров во полн состав на 21. септември во Струмица ќе земе учество на пеливански турнир.

Александар Ванев, М-Нет