
Да се израдуваат најмалите и најмилите, под ова мото денеска во склоп на новогодишните и Божиќните празници се поделија новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Астибо“ Штип. Настанот е организиран од страна на Локалната самоуправа Штип со Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов.
„На првичната средба којашто ја имавме овој месец, договоривме заедничка соработка и имплементација на започнати проекти. Сакам да истакнам дека следнава година, се предвидува реализација на планираниот проект за детско катче во детската градинка „Астибо“, која што е донација од амбасадата на Република Бугарија. Денес сме во посета на истата детска градинка, кадешто ќе ги израдуваме нашите дечиња.“изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.
Соработката да продолжи и наредната година е тенденцијата и на Јорданов и на Ангелов.
„Соработката која ја воспоставивме започнува да дава резултати и верувам дека ќе имаме и дека ќе продолжиме да за продлабочиме и ќе имаме нови проекти. Денес сме овде за да поделиме новогодишни пакетчиња на децата. После тоа ќе посетиме еден центар каде ќе поделиме пакетчиња на децата со попреченост за да ги израдуваме децата за празниците.“изјави амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека ќе се продлабочува соработката на општина Штип и со други општини од Република Бугарија. Ангелов не даде одговор за ова бидејќи како што истакна станува збор за светли празници, во кои не сакаше да меша политика.
Лаура Стојанова МНет