
Децата од дневниот центар за аутизам и децата од домот за деца без родителска грижа денес добија новогодишни пакетчиња, како што велат од СДММ, ова е еден мал гест на добрина со кој што им се разубавуваат празничните мигови на овие деца. Традиционално како и минатите години тие во рамките на своите можности ги посетуваат децата на кои им е потребно внимание.
Сите заслужуваат внимание и добрина, а за овие деца тоа значи и многу повеќе, велат од локалниот огранок на СДММ.
„Ова е наша традиционална активност, која што ја организираме неколку години и ќе продолжиме да ја организираме. Со донирањето на предновогодишни пакети, со одделување на време за дружба со овие дечиња исполнуваме еден голем момент да предизвикаме среќа кај нив. Децата се среќни затоа што некој одвоил време да им обрати внимание. Покрај оваа донација денес, СДММ донираше новогодишни пакетчиња и во дневниот Центар за лица со интелектуална или телесна попреченост, во Ново Село, и на детското одделение при Клиничка болница – Штип.“изјави Трајче Стојчевски, член на СДММ-Штип.
Од организацијата велат дека дарувањето среќа за време на празниците е неизмерно вредно, па затоа апелираат до останатите да го следат нивниот пример, а организациите и граѓани кои се во можност да им помогнат на оние кои им е потребна помош, да го сторат тоа. Бидејќи нема ништо поблагословено од дарувањето и личната исполнетост предизвикана од чинот на добрина.
„Ваквите моменти се навистина значајни во периодот на предновогодишните празници. Како локален клуб на СДММ иницираме да се случуваат што е можно повеќе вакви активности и да се поттикнуваат од страна на многу повеќе организации. Заради тоа што среќата за овие дечиња е навистина голема.“, додаде Стојчевски.
Оваа прилика СДММ ја искористија, да им ја честитат новата година на граѓаните со желби за повеќе среќа, здравје и среќни моменти во наредната година.
Ребека Спасова МНет