
Повеќе од една година фудбалските школи на ФК Брегалница се отсутни од вообичаените првенствени натпревари кои ги надоместуваат со упорен тренинг меѓу кои и он-лајн тренинг, како и одигрување на пријателски натпревари со соодветни возрасни екипи. Дечињата родени од 2007 – 2015 година се под контрола на координаторот Дарко Митев во соработка со тренерите Зоран Поп Панев, Стефан Костадиновски, Јордан Смилевски, Јован Ѓоргиевски, Иван Причков и Јован Маџунаров.
Изјава Дарко Митев – Координатор 03.50 – 08.23
Сите се во очекување на олабавување на пандемијата и укинување на здравствените протоколи за конечно враќање во нормала како на играчите така и на гледачите на трибините.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk