
Детонит Плачковица со победа од 0:2 над ланскиот прволигаш Шкупи ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, штипскиот стратег Горан Здравков кој го предводи радовишкиот второлигаш вели дека победата била тешка, но заслужена.
„Тешка победа на натпреварот во Чаир мислам дека беше заслужена, можевме да постигнеме уште еден до два гола, но сепак, победа е победа. Морам да им честитам и на двете екипи за фер и коректен натпревар кои што го одиграа. Мислам дека за нијанса бевме подобар тим на денешниот натпревар. Шкупи има доста млада екипа која што е доста агресивна и мислам дека на сите овие фудбалер им претстои добра фудбалска иднина. Сакам да се заблагодарам на домаќинот за фер и коректниот прием и се надевам на подобри резултати за двете екипи во иднина“, вели Здравков.
Здравков ги откри и амбициите на тимот од Радовиш за сезона 2026/2027.
„Амбициите се знаат, како прво нашата главна цел е опстанок во лигата, ако успееме да се искачиме на горниот дел од табелата и да дојдеме до место кое што ќе биде за бараж т.е. третото место ќе бидеме презадоволни, но главна цел е опстанок во Втора лига“, дополни штипскиот тренер кој го води Детонит Плачковица.
Радовишани со победа над Шкупи ја отворија сезоната во гости, а во рамки на 2. коло ќе се соочат со Охрид на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет