Детонит Плачковица промовираше четири засилувања!

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш претстави четири засилувања – Тони Мирчевски, Омер Сулејмани, Павел Петревски и Љупче Христовски.

Мирчевски е повратник во редовите на Детонит Плачковица, доаѓа од редовите на Слога Виница, а во пакет со него од второлигашот од Виница доаѓа и Христовски.

Нови име во тимот од Радовиш е и младиот Омер Сулејмани, кој доаѓа од Ѓорче Петров, а тимот е посилен и со голманот Павел Петревски.

Детонит Плачковица кој го предводи штипскиот стратег Горан Здравков ја темпира формата за пролетниот дел, кој го отвара против Големо Коњари на домашен терен.

Како што веќе објавивме радовишани договорија и неколку пријателски натпревари низ кои ќе ја проверуваат формата.

Александар Ванев, М-Нет