Дестан Адили ново засилување за охридскиот прволигаш Воска Спорт

По турболентниот период конечно стабилизација во охридскиот прволигаш Воска Спорт. Сеит Крека е назначен за нов тренер откако си замина Срѓан Захариевски, а тимот во новата сезона ќе биде во комплетно изменет лик.

По заминувањата на многуте фудбалери од Воска Спорт, започнаа да се ангажират нови засилува за новата сезона.

Како што веќе објави телевизија М Нет ново засилување во редовите на Воска Спорт ќе биде младиот Дестан Адили, кој во охридскиот прволигаш доаѓа од редовите на прилепска Победа.

Адили во минатото беше дел од Влазерими од Кичево, потоа настапуваше и за Работнички од каде премина во редовите на прилепска Победа, каде лани имаше одлична сезона во дресот на некогашниот прволигаш од Прилеп, во тешката сезона во која младите играчи се изборија за опстанок во Втората лига.

Во следниот период се очекува официјална промоција на Адили во дресот на Воска Спорт.

Александар Ванев, М-Нет