
Викендот започнува новата сезона во Втората футсал лига со натпреварите од 1. коло, за сабота се планирани три натпревари, а дерби ќе се игра во недела во Штип.
Утре во 18:30 часот во Кочани ќе се одигра дуелот меѓу Фудбал Старс и Кратово со што ќе се отвори новата сезона 2026/2027.
Во 20 часот ќе започне мечотмеѓу Каршаика и дебитантот Шутка 1, а пак половина час подоцна ланскиот прволигаш Балкан ќе игра против Победа.
Колото се комплетира во недела во Штип со дербито на два поранешни прволигаши, Мал Ајакс ќе го пречека Овче Поле од Свети Николе.
Дербито меѓу овие две екипи ќе се игра во салата „Коле Нехтенин“ во Штип со почеток од 18 часот.
Во првото коло слободна ќе биде екипата на Црна Река од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет