Дерби на Текстилец и Овче Поле од Свети Николе во Штип

Седмото коло на Првата ракометна лига го носи дербито на Текстилец и Овче Поле од Свети Николе кое се игра во Штип. Соочување на две екипи кои се во срединта од табелата со по шест бодови, со тоа што штипјани имаат меч помалку во однос на Овче Поле.

Дербито на колото се игра во Богданци каде ќе се соочат непоразените Младост и Мулти Есенс, директно соочување на две екипи кои претендираат за влез во Суперлигата. Јехона како фаворит ќе го пречека тимот на Кичево, а пак Драчево Јуниор ќе бара рехабилитација по поразот во Неготино против Македонија ЃП на домашен терне.

Екипата на Вардар Неготино како голем фаворит ќе гостува кај Шампион, додека пак свое соочување ќе имаат Аеродром и Партизан.

Александар Ванев, М-Нет