Дерби во ОФЛ Гази Баба: Ржаничино против Братство Влазними за врвот!

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 16. коло од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига, а дербито ќе го одиграат водечките екипи Братство Влазними и Ржаничино. Овој натпревар е важен и за двете екипи во борбата за освојување на првото место во овој четвртолигашки регион.

Двете екипи со по 34 бодови го делат првото место на табелата. Братство Влазними го предизвикува лидерот Ржаничино во борбата за првото место.

Овој натпревар ќе се одигра на теренот во Средно Коњари, Гази Баба, во недела од 12 часот.

Во рамки на оваа коло ќе се соочат и Инџиково со Илинден, Ускуп со Миладиновци, Маџари Солидарност против Бујковци, како и Гоце Делчев против Долно Коњари.

Александар Ванев, М-Нет