Дерби во Крива Паланка на Осогово и Форца, Проект домаќин на Бутел

Второто коло од Првата футсал лига на Македонија ни го носи и дербито во Крива Паланка меѓу Осогово и актуелниот шампион Форца, дерби кое ќе се одигра вечерва, а каде победата е повеќе од императив и за двете страни.

Осогово е засилен за новата сезона, располага со одлични и квалитетни играчи наспротив Форца која минатата сезона ја освои двојната круна и во Лигата на шампион направи одлични резултати. Повеќе од арактивен меч се очекува во Крива Паланка.

В сабота Железарец после тешкиот пораз од Форца од првата рунда ќе бара рехабилитација против Јуветус Серава, екипа која исто така беше убедливо поразена во воведно коло, па ова ќе биде дуел за прва победа и поправање на лошиот впечаток.

В недела Шкупи на домашен терен ќе игра против Црна Река каде домаќинот ќе сака нова победа, а гостинот од Кавадарци оди по први бодови.

Кеги Моби доживеа дебакл на стартот од новата сезона откако беше декласиран во Крива Паланка, а сега на домашен терен ќе бара први бодови против Клими од Кавадарци, тим кој ремизираше на стартот од новата сезона.

Повратникот во Првата лига, Проект на домашен терен ќе игра против Бутел каде фаворит за трите бодови е домаќинот.

Александар Ванев, М-Нет