
Десенска е Св. Антониј, утре Св. Атанас зимен. Уште рано изутрина денес верниците се поклонија и прекрстија пред иконата на денешениот Св. Андон молејќи го за нивно здравје и спасение. Велат денес со мрсна, а утре со посна трпеза ќе ги пречекаат гостите во чест на овие два светитела. Со овие два празника завршува зимниот циклус на празници.
Некогаш Св. Андон се славел во предвечерието и на самиот ден. Се сукале баници, се правела гозба во слава и чест на светителот, а самата вечера ја практикувале за нивно здравје.
Инаку, Св. Андон се смета за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Кога некој боледува од лудило, на глава, на раце, на нозе на утроба, покрај постелата му се става иконата на св. Андон, а веднаш потоа доаѓа спасението.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет