
Денеска (23.04.2021) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода М.К.(24) и Џ.К.(19) поради постоење основи на сомнение дека М.К. е извршител на две “тешки кражби” на дрзок начин , од кои едната во обид, извршени на 20.04.2021 при што од оштетената одзел паричник , додека на 22.04.2021 се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал.
Од извршениот преглед кај Џ.К. била пронајдена украдена платежна картичка.
Полициски службеници по добиена судска Наредба извршиле претрес во домот на М.К. при што бил пронајден украдениот паричник.
М.К. по добиена судска Наредба бил спроведен во Затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава.