
Третиот ден во Букурешт македонското лого „Сонцето“ срамежливо се „насмеа„ на небото врз Букурешт што беше причина за армијата црвено – жолта навивачка армада да ги окупира толку посакуваните угостителски објекти. Иако Македонија беше фудбалски поразена од Австрија навивачкото македонско срце е полно со импресии со самиот пласман на нашите дечки кои испишаа историја. Насекаде каде што прошетавме се слушаше песна македонска која со овации, со придружба документирана со фотографии и ведео материјали се прифаќаше од домакините романци кои едноставно соживеааја со нас македонците. Во омилената „база„ во центарот на Букурешт наидовме на друштвото на нашите штипјани, Димитар Џонов, Илија Митров со пријателите, тука беше и неодминливиот и универзален Константин Шоров, тука беа некогашните „деца“ на Брегалница, Елмир Мандак и Мане Ризов со другарите и ќе ми простат уште многу дечки кои не можам сите да ги споменам. Ечеше песна која прифатена од огромниот број на навивачи наликуваше на голем фолклорен колорит во кои гласовните можности беа до „даска“ диригирани како со вистински диригент. Ерупција на воодушевување на сите присутни предизвика појавата на легендарниот коментатор Тони Стојановски на кого едноставо налетаа сите симпатизери со цел да ја овековечат оваа нивна средба на која кумуваше скоро сигурно портпаролот на ФФМ Златко Андоновски кој едноставно плени со својата комуникативност и срдечност. Во продолжение ви ги прикажуваме фотографиите од денешните исклучителни пријатни доживувања кои со зборови тешко се опишуваат, едноставно ваквите драги настани треба да се доживеат.Вака велат тие ќе биде се до мечот со Украина кога се очекува можеби навивачки двобој, кој кого ќе натпее, вака следејќи ги нашите ми се чини им нема рамни бидејќи секако ќе ја имаат подршката и од домакините романци.






Од Букурешт специјално за Мнет ТВ – Штип, Драги Герасимов – Пушка