
Со натпреварот во Македонска Каменица меѓу Баскет Кам и Пробаскет ќе се отвори второто коло на кошаркарската Суперлига во женска конкуренција, каде поранешниот шампион е фаворит за триумф.
Дуелот се игра во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица од 15:15 часот.
Во сабота Вардар на домашен терен ќе игра против новајлијата Гевгелија од 17 часот, а во ист термин започнува и мечот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Патриот од Делчево.
Колото се затвара во недела со натпреварот меѓу шампионот Крива Паланка и Бадел, домаќинот сака нов триумф, гостинот да го изненади шампионот, дуелот започнува во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет