
Делумна реконструкција, тековно одржување и уредување на просториите на бања Кежовица е предвидено во наредниот период. Активностите ќе се извршуваат во две фази, за кои се издвоени по 2,5 милиони денари. Моментално се работи на реконструкција на кровната конструкција со што истата ќе се промени и ќе биде реконструирана. Потоа ќе се пристапи кон внатрешно реконструирање и уредување на бањата.
„Во првата фаза се издвоени 2,5 милиони денари за реконструкција на кровот, за ново парно затоплување во рамки на самата бања, во холот и во соблекувалните, нова електирка, осветлување, замена на елементите, нова фекална канализација. Во втора фаза со 2.5 милиони денари ќе се реконструира на сместувачкиот капациетет кој е со 30 легла и 11 соби“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме се работи на Детален урбанистички план со што ќе се уредува простотрот околу бањата. Тоа значи дека инвеститори овде може да вложат во изградба на дом за стари лица, хотел, сместувачки капацитет или слично. Услов е да продолжи да работи Општата бања со цени како постоечките за да може да се користи од стана на граѓаните.

„Веќе оваа година интезивно работиме на изработка на ДУП за земјиштето околу бањата со цел да се испланира маркици за хотелско сместување, дом за стари лица, времено домување.“ – додава Јорданов.
По завршување на активностите надвор ќе се пристапи кон внатрешно уредување на бањата, и истата во период од 10 дена нема да работи. Но, како што посочи Јорданов граѓаните за тоа ќе ббидат благовремено известени.
Лаура Стојанова М-Нет