
Децата со пречки во учењето денеска беа дел од проектот за роботика и нивна инклузија. Целата е да им се помгне на овие лица да се вклучат во општеството. Како што вели професор доктор Татјана Атанасова-Пачемска, тие учат со помош на класификација, разликување на помало и поголемо, одредување по бои, па роботиката и лего коцките се одличен начин за нивна стимулација и мотивација.
„Да имаме и практични активности кои се поврзани со едукацијата на овие ученици кои имаат специјални потреби со користење на технологија, посебно роботика особено во делот на лего роботика. Апелот до одговорните стои, децата кои имаат потреба од помош и поддршка не треба да бидат заборавени.“ – вели Атанасова-Пачемска.
Во проектот се вклучени и учесници од Латвија, Италија, Турција и Грција. Проектот започна пред неколку месеци, а денеска се одржа вториот состанок, како и обука за наставници.
„Тука сме да го направиме концептот и идниот дизајн на роботот кој треба да биде продукт од нашиот проект и ќе помогне во учењето и подршка на децата кои имаат специјални образовни потреби“ – велат гостите од Франција.

Придружен партнер на проекот е Академијата за стенд роботика од Кочани. Гордан Анастасов вели дека на ваков начин и се помага на децата коиимаат специјални образопвни потреби да функционираат на начин на кој сакаат тие, а не онака како што им се налага.
„Ние видовме дека целата едукативна роботика, децата со попреченост ја прифатија со одлучни емоции и мислиме дека овие роботи кои ги прават децата мислиме дека можат многу да и помогнат за нивниот развој, особено во делот на математиката.“- додава Анастасов.
Овој проект е финансиран од страна на Еразмус + програмата во делот на училишно образование и обука, а УГД Штип е партнерска институција во овој проект.
Лаура Стојанова М-Нет