
Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на Штип и Свети Николе се регистрирани два случаи на семејно насилство, при што полицијата лишила од слобода две лица поради сомнение за насилничко однесување во семејниот дом.
Во Свети Николе, околу 01:00 часот на 27 јуни, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 48-годишниот О.М., откако бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал својата сопруга и нивните две малолетни ќерки. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претходно, на 26 јуни во 16:30 часот, во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле 52-годишниот С.М. од Штип. Според пријавата, тој во семејниот дом им упатувал закани со остар предмет на своите синови, а со секира оштетил дел од покуќнината. И за овој случај, по целосното расчистување на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со преземање мерки за расчистување на сите случаи на семејно насилство и санкционирање на сторителите согласно законот.