Две недели без електрична енергија во 21 век се жителите од Ромското маало во Општина Виница

Во време на пандемија жителите од ромското маало во Општина Виница, две недели оставени без струја. Апаратите за домаќинство се расипуваат, децата во неможност да следат онлајн настава, револтот искажан пред камерите на М-Нет телевизија. Маката ги собра овие луѓе на едно место да се борат за да ги добијат своите права.

Помош барале неколку пати по ред, но само ветувања добивале и ништо повеќе. И покрај тоа што дел од нив редовно си ги подмируваат давачаките за електрична енергија, сепак остануваат без струја.


Додека едни се бореа за своите права, други не можеа да ја издржат напнатата ситуација. Една од жителките на ромскот маало, која даваше поддршка на своите сограѓани бидејќи и таа ја преживува истата мака, се онесвести. Градоначалникот на Виница, Димитров истакна дека денеска проблемот треба да се реши.

Во денешниот така наречен мини протест на жителите од ромското маало во Општина Виница, присуствуваа и полициски службеници од ОВР Виница, но револтот на граѓаните, нивната мака и тешкиот начин на живот не се решава на мирен начин како што велат тие. Затоа бараат итно поставување на струја, за да не се прошири и вака огромниот проблем.

Лаура Стојанова М-Нет