Две лица казнети поради палење и фрлање на пиротехнички средства на стадионот во Штип

На 13.03.2022 во СВР Штип, било пријавено дека околу 16.10 часот на Градскиот стадион во Штип на кој се одигрувал фудбалски натпревар, Д.М.(31) и М.А.(38), двајцата од Штип, поради недостојно, неспортско однесување со палење и фрлање на пиротехнички средства, сториле прекршок казнив по чл.3 ст.1 т.5 од Закон за спречување насилно и недостојно однесување на спортски натпревари. На Д.М. и М.А. им бил изготвен записник за констатиран прекршок.