
На 13.03.2022 во СВР Штип, било пријавено дека околу 16.10 часот на Градскиот стадион во Штип на кој се одигрувал фудбалски натпревар, Д.М.(31) и М.А.(38), двајцата од Штип, поради недостојно, неспортско однесување со палење и фрлање на пиротехнички средства, сториле прекршок казнив по чл.3 ст.1 т.5 од Закон за спречување насилно и недостојно однесување на спортски натпревари. На Д.М. и М.А. им бил изготвен записник за констатиран прекршок.