Две лица и малолетник пренесени во КБ Штип со тешки телесни повреди по две сообраќајни несреќи

На 28.04.2022 во 21.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Делчево, патничко моторно возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. (28) од с.Облешево, кочанско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А. и малолетен сопатник од с.Облешево, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 28.04.2022 во 21.55 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локален пат во Кочани, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од В.М.(54) од Кочани, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.