
Со три медали Кик Бокс Клуб Гладијатор фајт Штип го заврши Европскиот куп во Сараево. На купот се преставија пет борци, од кои двајца се вратија со бронза и еден со сребро. Алексов Марио го освои третото место во категорија јуниори до 63 килограми. Трет заврши и Рамаданов Мерт во категорија помлад кадет до 37 килограми. Со сребо се закити Антонија Тасева во истата категорија до 47 килограми.
Европскиот куп во Сараево се одржа во периодот од 5 до 7 мај, во Сараево, БиХ.