
Полициски службеници од Полициската станица Михајлово во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, вчера во 01 часот, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.