
Јане Миланов е новиот претседател на Источно – планскиот регион. Ова денес едногласно беше одлучено на 16-тата седница на совет за развој на Источно плански регион која денес беше одржана во беровската локална самоуправа, со организација и почитување на сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19.
Главната расправа се одвиваше околу изборот на нов председател на источно планскиот регион.
Состојба која уследи по престанок на мандатот на градоначалникот Благој Бочварски и негово назначување за министер за транспорт и врски. Новиот претседател е повторно од Штип информираат од беровската локална самоуправа чии советници истапуваат со образложение дека токму на градот под Исарот му се дава целосен приоритет поради геостратегиската положба, бројност на население и економска моќност во источниот регион. Нов претседател на оваа организацијата која во многу аспекти го подобри квалитетот на живот во последната деценија е заменикот градоначаник на Општина Штип Јане Миланов.
На седницата, имаше презентации за проектот ,, Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” со посебен акцент на развивање на свеста за социјална инклузија и на изборот на проекти кои треба да бидат реализирани преку форумски процеси.
Исто така на 16-тата седница на советот за развој на источно плански регион, присутните имаа можност да проследат презентација за карактеристиките и функционирањето на поставените агрометеоролошкоте станици во општините во источниот регион.
Седницата беше завршена со донесување на одлука за отпочнување на постапка за избор на нов директор на Центарот за развој на Источно планскиот регион, со оглед на тоа што мандатот на актуелниот директор истекува наскоро.
Маре Стојилова М-Нет
Монтажа: Дарко Лазев