Два случаи на физички напад во Пробиштип

Вчера попладне во СВР Штип, З.Н.(67) од Пробиштип  пријавил дека околу 17.00 часот во неговиот двор во с.Бучиште бил физички нападнат од страна на М.Н.(24) од Пробиштип. Се работи на документирање на случајот, по што против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во исто време во Полициската станица Пробиштип, 57-годишен маж пријавил дека околу 17.40 часот во семејната куќа во Пробиштип бил физички нападнат од неговиот син М.Н.(24) од Пробиштип. М.Н. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.