
По три одиграни кола, од кое второто коло не е комплетирано поради два одложени мечеви има најава за интересна сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Две екипи по три кола немаа бодови – Шкупи и Еуромилк ГЛ се на дното од табелата со три порази од толку натпревари. Шкупи продолжува со порази како и во минатата сезона кога од Првата лига испадна со едно реми и 32 порази, за што тимот е на дното од табелата во Втората лига, а пак екипата од Горно Лисиче која по долги години се врати во Втората лига, не тргна според планот.
„Лисиците“ освен што немаат освоено бодови, немаат ниту постигнат гол, со што Еуромилк ГЛ е единствениот второлигаш кој по три кола не дал гол.
Новаци не тргна според планот, па може да има мало разочарување ако се земе фактот каде од можни девет бодови освои само еден бод. Новаци го загуби дербито од Охрид со 2:1, а дома загуби од Беласица со 0:1, па следуваше меч каде Новаци гледаше идеална шанса за три бода, па мроаше да се задоволи само со бод во единствениот меч без голови против Осогово во Кочани.
Брера го држи врвот со седум бодови и учинок од две победи и едно реми, а тоа што ланскиот прволигаш игра со млади фудбалери тогаш ова е повеќе од позитивен резултат за Брера, а младите фудбалери се желни за докажување против секој тим.
Со ист учинок е и тимот на Беласица, практично овие две екипи со по седум бодови го делат врвот од табелата во Втора лига.
Охрид и Работнички со по шест бодови го делат третото место, а двете екипи имаат меч помалку. Пелистер конечно ја израдува битолската спортска јавност со минималната победа над Македонија ЃП. Битолскиот тим не тргна според планот по ремито со Камјани и Брера, а следниот викенд во рамки на четвртото коло битолчани ќе бидат пред нов предизвик против Работнички во ново дерби на два лански прволигаши.
Тетекс засега има позитивни резултати реми и победа и одложен меч, исто како и Детонит Плачковица, овие две екипи имаат по четири бода, толку бодови имаат и Македонија ЃП и Камјани но од три натпревари со форма од реми, победа и пораз.
Кожуф има најлоша одбрана на три меча прими осум гола, забележа два тешки порази и има една победа за освоени три бодови. Осогово и Новаци се во долниот дел од табелата со по еден бод, а пак Еуромилк ГЛ и Шкупи без бодови на дното од табелата.
Четвртото коло носи нови пресметки, дерби натпревари меѓу лански прволигаши, дерби натпревари за прва победа и први бодови. Нови киксови кај некои екипи ќе го вклучат алармот, а можеби ќе дојде и прва тренерска промена.
Александар Ванев, М-Нет