Дарко Гроздановски од Кожуф е најдобар стрелец во Втора лига по три кола, Симеон Христов е втор!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига фудбалерот на Кожуф, Дарко Гроздановски е најдовар стрелец со шест постигнати погодоци.

Гроздановски постигна два погодоци во дербито на Југот против Вардарски во Боданци, а пак четири погодоци постигна на мечот против Осогово.

Втор на листата на стрелци е Симеон Христов играчот на ланскиот прволигаш Македонија ЃП. Христов на мечот со Победа постигнат хет-трик, а по еден гол постигна на натпреварите против Охрид и Башкими.

На листата на стрелци со по три постигнати погодоци Илија Баламов од Вардарски, Димче Јовов од Беласица, Христијан Кировски од Скопје, Тони Мичковски од Каменица Саса и Аљбин Рамадани од Арсими.

По два погодоци имаа Леонтин Бајрами од Арсими, Крсте Велкоски од македонија ЃП, Иван Глигоров од Брегалница, Хусеин Демири од Башкими, Филип Димоски од Охрид, Петар Најдов од Вардар Неготино, Никола Талески од Победа и Иве Трифуновски од Новаци.

По три одиграни кола има и еден автогол во Втората лига, а истиот го постигна Павле Петров, фудбалерот на Борец.

Александар Ванев, М-Нет