Ана Димитровска најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига, Тчеури Харуми Гоја на второто место!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

По две одигарни кола во Првата женска фудбалска лига фудбалерката на Каменица Саса, Ана Димитровска е најдобар стрелец со пет постигнати погодоци, на второто место на листата на стрелци е Тчеури Харуми Гоја фудбалерката на Тиверија Брера со постигнати четири погодоци.

Радица Велкова од Каменица Саса е на третото место на листата на стрелци во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција со постигнати три погодоци.

По два погодоци имаат постигнато пет фудбалерки, а во листата на стрелци на стартот од новата сезона со по еден гол се запишаа 20 фудбалерки.

Во однос на статистиката Тиверија Брера има постигнато 15 погодоци на два наптревари, а прими само еден гол, додека пак без примен гол е Каменица Саса, а притоа овој тим има постигна 12 погодоци.

На стартот од новата сезона најмногу погодоци прими Речица вкупно 20 на два натпревари, а без погодоци се токму Речица, Истатов кој има одиграно еден меч, Топ Гол исто така со еден одигран меч без постигна гол.

Викендот се играат натпреварите од третото коло за што веќе информираше телевизија М Нет со најава на натпреварите.

Александар Ванев, М-Нет