Даниел Христов на прием во Агенцијата за млади и спорт

фото: АМС

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа примени учесниците на Интернационалната олимпијада по природни науки за јуниори во Богота, Колумбија. Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски изјави дека тие во континуитет ги поддржуваат младите таленти. На сите учесници им беа доделени специјални благодарници. На овој прием присуствуваше и штипјанецот Даниел Христов кој освои бронзен медал. Од шест македонски учесници, четири ученици освоија бронзени медали.

фото: АМС