
Дали и колку странство ги менува луѓет, ги прашавме денес штипјани. Велат, животот во друга земја остава трага, од начинот на живот до однесувањето, навиките па дури и културата. Забележваат дека луѓето во странство стануваат поодговорни кон животната средина, но и подисциплинирани поради законите. Многумина велат дека најголемата промена се чувствува токму во финансиската состојба. Но други пак, велат дека карактерот на човекот не зависи од местото каде што живее тој, туку лично од него.
Според анкетираните, човекот ги носи своите вредности, воспитување и погледи со себе, без разлика дали живее дома или во странство. Странството, според нив, може да влијае на навиките и начинот на живот, но не може целосно да го промени она што човекот го носи во себе уште од најмали нозе. Затоа велат, човек може да ја промени средината, но не и лесно да го промени она што со години го градел во себе.
Странството може да го промени човекот, но не мора да значи дека секој ќе се промени. Некој ќе ги прифати новите навики, начинот на живот и вредности, додека друг ќе остане ист, без разлика каде живее. На крајот, колку ќе не промени странството, најмногу зависи од самите нас.
Ева Тушевска, М-Нет