
Парите од самопридонесот ги собирале граѓаните од Општина Штип и сегашна Општина Карбинци во време кога двете општини се воделе како една. Со поделбата на општините се делат и парите. Тоа значи дека од сегашните милион и 200 илјади евра Општина Карбинци нема свој дел, бидејќи истиот го искористила кога општините се поделиле.
„Општините Штип и Карбинци во периодот кога функционирале како една општина заеднички собирале средства за самопридонес или тоа биле средства со коишто самите општини реализирале различни видови на проекти. Но кога завршил тој процес останале на сметка само парите кои биле предвидени за изгрaдба на брана на реката Козјак и тие пари продолжиле општините да ги чуваат заеднички, но во периодот кога се разделиле онолку средства колку што било утврдено согласно методологијата која била направена биле одвоени за општината Карбинци, што значи остатокот се на сметката на Општина Штип.“ – вели Шорова Анеглова.
Но од друга страна од Општина Карбинци велат добиле пари само по основ камата, тоа значи дека дополнително ќе се провери дали сите средства кои ги следувало од самопридонесот се искористени или треба да добијат уште.
„Општина Карбинци во минатото има дел делумно од овие средства или од каматата, самата камата на овие пари. Во тој период некаде пред 20 години се искористени тие средства за водоснабдување на село Карбиници. Ние во периодот кој следи треба да ја доиспитаме целата оваа ситуација колку ние од тие средства имаме искористено, поточно да знаеме дали нешто ни преостанува за дополнително да искористиме“ – кажа Паунов.
Средствата од самопридонесот кои се замрзнати на сметка на Општина Штип во овој момент предвидено е да се искористат за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа во Штип и на тој начин да се реши проблемот со водоснабдувањето. За таа цел ќе се распише референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали за се или против.
Лаура Стојанова М-Нет