Дали и кога Штип ќе добие велосипедска патека?

Потребата од велосипедска патека во Штип е проект на кој треба да се работи. И покрај структуираноста на градот онаква каква што  е, висината и стрмноста на патиштата сепак во централното градско подрачје љубителите на велосипедизмот не можат да уживаат во целост. Пред се заради тоа што нема конкретна велосипедска патека. Оние кои сакаат и возат велосипед тоа го прават или по коловозот каде се движат сите останати моторни возила или по тротоарите каде се движат пешаците. Штип како центар на Истокот, има пешачки патеки, но за пешачење спорт и рекреација, а не за велоспиедизам, а истите се користат и за возење велосипед. Од овде се поставува прашањето колкава е безбедноста на сите учесници во сообрачајот, возачите, пешаците и велосипедистите? Штипјани согласни дека треба да се работи на оваа тематика, дека потребно е да има посебна патека за движење на велосипедистите.

Во Загадувањето на воздухот покрај другите многубројни причинители ги вбројува и возилата. Возењето велосипед придонесува за зачувување на чист воздух, но и за подобро здравје на љубителите на велосипеди. Меѓутоа не може да се практикува нешто за кое нема услови. Надлежните во писмено соопштение за М-Нет телевизија истакнаа дека интезивно се работи на изнаоѓање на решение за велосипедска патека.

„За велосипедска патека сериозно бараме конкретно решение, до сега не се размислувало на оваа тема, но веќе е во нашите приоритети. Во иднина општината во соработка со планинарските друштва и извидничкиот одред од Штип ќе се зпочне со мапирање на патеки на Клисибир, Струмина чешма и од Сончев град до Мирјанина црква“ – стоеше во соопштениоето од кабинетот на градоначалникот Николов.

Проектите за започнување на мапирање на велосипедска патека во Општина Штип додека да започне, останува да се внимава и тоа многу да се внимава доколку сте љубители и уѓивате во возењето велосипед.

Лаура Стојанова М-Нет