
Присутноста на измами преку социјалните мрежи од страна на лица кои незаконски сакаат да дојдат до одредена сума на пари е се по голема. Измамата се врши со злоупотреба на лични податоци фотокопија на лична карта и трансакциска сметка, откако сторителите на вакви дела ги стекнувале и добивале со цел дигање на брзи кредити од финансиски друштва во државата на име на оштетените.
„Најчесто преку апликација фејсбук и месенџер, лица оставрувале контакти со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци, како фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација. Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредите од финансиски друштва во државата, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените и се наводно помош од роднини на сторителите за наводно лекување на болно дете„ – истакна Панајотова.
Бидејќи бројот на вакви измами е доста зголемен СВР Штип со апел до граѓаните да бидат по внимателни.
СВР Штип интезивно работи на расветлување и документирање на веќе пријавените кривични дела.
Лаура Стојанова М-Нет