
Дали ако по грешка изедеме нешто што не е посно, тоа значи дека постот е прекинат? Според протереј Добрица Јанев, не, бидејќи и во производите што ги купуваме не секогаш можеме да бидеме сигурни што точно содржат. Ако по грешка вкусиме нешто што не е посно, не треба да се откажеме од постот, туку да продолжиме со молитва и духовна подготовка. Јанев посочува дека важен дел од таа подготовка се и исповедта и причеста. Како што телесниот пост го чисти телото, вели тој, така духовниот пост ја чисти душат
,,Незначи дека ако ненамерно вкусиме и дека престанува, напротив се продолжува со постот. Бидејки и во производите кои што ги купуваме, може би е точно, може и не, за она што пишува на декларациите. Не навелгувам во тоа, но не е толку битно дали кога ке паднеме, мораме да се подигнеме молитвено, да се осилиме со молитва и пост, а и причест да практикуваме и да се исповедуваме. Бидејки исповедтта е очистување од зли мисли и дела. Секој човек што се родил на земјата е згрешил, не постои човек кој не е . Затоа кгоа се подготувваме да го примиме телото христово, ние мораме и душата да ја исчитиме. Како што телесниот псот го чисти телото, така и со духовниот псот.“, вели Јанев
Исповедта во православната црква е света тајна, која се одвива лице в лице, насамо со свештеникот, и останува во доверба. Свештеникот е сведок пред Бога дека човекот се покајал и ги исповедал своите гревови, објаснува протереј Добрица Јанев.
Исповедтта во православната црква, многумина знаат, но еве да повториме за оние кои првпат слушаат, исповедтта е лице во лице на само со свештеникот и оа е света тајна, која останува заедно со свештеникот до неговата смрт. Свештеникот е да сведочи пред Бога дека лицето се покајало и ги исповедал своите гревови.“, додава Јанев
Постот не е само воздржување од храна, туку и време за преиспитување, молитва и очистување на душата. А исповедта и покајанието, како што потсетува Јанев, се патот преку кој човекот повторно се приближува до Бога.
Иван Митев, М-Нет