Да се чува идентитетот на Македонецот е идејата за одбележување на празникот 8. Септември

Со богата свечена и музичка програма, вчера 8. Септември во населбата Балканска, се одбележа денот на независноста на Македонија и 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција. Чествувањето на празникот се одржа во дворот на храмот Св. Цар Константин и царица Елена, а истиот е од голема важност за нас Македонците. После ослободувањето, овој празник е втор роденден на државата, велат жителите, но и поттик да одиме по стапките на нашите предци. Најмногу што значи после ослободувањето ова е како втор роденден, многу значи за нас македонците, а посебно за нас што сме пребегале од егејскиот дел. Уживајте и држете се одете по стапките на нашите предци и борци кои што се бориле за Макеоднија. Овој ден ни е значаен да си ја сочуваме нашата Македонија прогласена е за независна Македонија. Овој настан има малку и жален каракер, но многу е значаен, бидејќи многу имаат настрадано овие деца од егејскиот дел на Македонија. Треба фолклорот, традицијата, државата, јазикот, целата култура, целатата наша убава Македонија. Да ја чуваме државата, да биде мирна, добро за да биде на подобро.“ – изјавиа граѓаните

Инаку, чествувањето на празникот се одржува континуирано секоја година, а основната идеја е да се истакне идентитетот на македонецот, кој сиве овие години и векови опстојува со богата култура и историја!

Лаура Стојанова, М-Нет