Да се исполни ветеното очекуваат граѓаните од градоначалниците во државата

Многу работа од новоизбраните градоначалници очекуваат граѓаните во државата, по завршените локални избори 2025 година. Мислењата се поделени, едни веруваат дека општините ќе тргнат на подобро, други велат „ќе видиме со дела, не со зборови“. Но, сите се согласуваат дека е важно граѓаните да го кажат своето мислење и да се слушне и нивниот глас.

Очекувањата на граѓаните се дека по уредувањето на државата, понатмау е потребно воведување на повисоки плати, со цел младите останат во државата. Велат бадијала ќе биде ако државата е уредена, а нема млади.

Граѓаните и понатаму се надеваат дека општините ќе продолжат да се развиваат, особено во делот на патната инфраструктура. Очекуваат многу инвестиции, со цел да се модернизираат локалните заедници и да се подобри нивниот живот.

Иван Митев, М-Нет