
Штипската населба Железничка денес го слави својот заштитник Свети Иларион Мегленски. Утрово, стотици верници се собраа на литургија во црквата што го носи неговото име. Богослужбата ја предводеа тројца владики, меѓу нив и митрополитот Брегалнички Иларион.Во храмот и дворот одекнуваа молитви и црковни песнопенија. Железничка денес славеше во знакот на верата и единството, а граѓаните со свеќа во рака ги упатија своите молитви.
Жителите од населбата благодарни што после толку години имаат и тие своја црква. Велат овој духовен храм е од особена важност за да и тие ги извршуваат своите верски потреби.
Црквата „Св. Иларион Мегленски“ е нова, осветенамногу скоро, но за жителите на Железничка таа веќе стана духовен дом и место на заедништво. Во неа се наоѓа и чудотворната икона на Свети Нектариј, пред која секојдневно се палат свеќи и се упатуваат молитви за здравје. За верниците, оваа црква не е само градба од камен – таа е симбол на вера, надеж и благослов за целата населба.
Иван Митев, М-Нет