Гуми гореа во Дузлачки рид, пожарот изгаснат за кратко време

Гуми денеска гореа во Дузлачки рид. Густ црн чад ги вознемири штипјани, па испратија видео-материјали и фотографии. За среќа, не стануваше збор за поголем пожар, како што велат од ТППЕ Штип, од каде по пријавата, на терен било констатирано дека станува збор за запалени гуми. Пожарникарите бргу реагирале и пожарот беше изгаснат за релативно кратко време.