
Гужва на штипскиот пазар пред пастрамалијадата,пиперот и доматот се бараа повеќе од месото. Штипјани и овој петок полнеа кеси со пипер, домат,краставица, дел за гостите овој викенд, дел за во тегла. Велат викендов и ќе се јаде, ама и зимница ќе се спрема. Додаваат дека покрај дегустацијата на пастрамајлијата, дома ги викендов ги чека работа, полнење тегли со ајвар, лутеницца и слично. Центие според анкетираните засега се прифатливи.
Дека побарувачката е голема овој петок, согласни и продавачите. Согласни и тие дека најбарани се пиперот и доматот.
Инаку, овој петок цената на ајварската пиперка беше по ниска и се движеше до околу 60 денари за килограм. Граѓаните пазаруваа бргу уште рано и заминаа дома за да се подготват за претстојниот викенд.
Иван Митев, М-Нет