
Гужва во фотостудијата во Штип, штипјани се фотографираат со дедо Мраз и создаваат спомени кои остануваат во сеќавање. Граѓаните, особено најмалите, активно учествуваат во создавањето на волшебни моменти, кои ќе останат во нивните сеќавања. Дечињата влегуваат во магичниот свет на Дедо Мраз, позираат за слики и ги подаруваат на своите другарчиња, баби, дедовци, роднини и блиски пријатели. Родителите и повозрасните, исто така, не остануваат покрај, уверени дека овие моменти ќе бидат вечно запишани и ќе служат како спомени на среќни празнични моменти.
Анкетираните се едногласни цената не е скапа. Кога станува збор за среќата на едно дете, секој родители и возрасен би направил се за да тоа биде радосно.
Инаку оваа традиција е омилен дел од новогодишните прослави и се чини дека со секоја година станува се попопуларна.
Иван Митев, М-Нет