Грчевски останува селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, РФМ на 1. март ќе добие нов претседател!

ФОТО: РФМ

Кристијан Грчевски останува селектор на женската сениорска ракометна репрезентација, тој ќе ја води репрезентацијата до 2026 година.

После долго време нашите ракометарки се пласираа на Европско првенство, а на истото освоивме и еден бод, откако ремизиравме против Турција. Репрезентацијата започнува со добри резултати, Грчевски ја доби довербата и во иднина да биде селектор.

На 1. март Ракометната федерација на Македонија ќе добие нов претседател, аовој датум беше потврден на вчерашната седница на Управниот одбор на РФМ.

Актуелниот претседател Живко Мукаетов, не може да се кандидат за трет мандат, а со тоа Ракометната федерација на Македонија ќе добие нов претседател.

Веќе е поднесена и првата кандидатура, тоа е првиот човек на РК Бутел, Александар Стефанов, но се очекува во следниот период уште неколку кандидатури за претседател на РФМ.

Александар Ванев, М-Нет