
Делегирани судиите за утрешното последно 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Стојанче Трпчевски ќе биде главен на мечот меѓу Брера Струмица и Македонија ЃП, Фуркан Идризи ќе суди во Штип каде играат Брегалница и Силекс.
Сашко Ристов ќе им суди на Вардар и Тиквеш, штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Воска Спорт и Гостивар во Охрид, Јован Качевски ќе биде главен на мечот меѓу Работнички и Шкендија, а пак Александар Грујоски ќе им суди на Струга и Шкупи.
Сите натпревари ќе започнат во 17 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 33. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Брера Струмица – Македонија ЃП, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Силекс, Фуркан Идризи (Тетово)
Вардар – Тиквеш, Сашко Ристов (Струмица)
Воска Спорт – Гостивар, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Работнички – Шкендија, Јован Качевски (Струга)
Струга – Шкупи, Александар Грујоски (Кичево)
Александар Ванев, М-Нет